„Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Абдулах бин Амр бин Ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека слушал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“
Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече:
„О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“
Explanation
Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова и рекол:
„О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – понекогаш кон покорност, понекогаш кон непокорност, понекогаш кон спомнување, а понекогаш кон немарност – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“
Benefits
Муслиманот треба постојано да го моли својот Господар за истрајност на вистината и упатството.
Стравопочит кон Аллах и целосно потпирање исклучиво на Него – без да Му се припишуваат здруженици.
Ел-Аџури рекол: „Следбениците на вистината Го опишуваат Возвишениот Аллах со она со што Тој Самиот Се опишал, со она со што Го опишал Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и со она со што Го опишале асхабите, Аллах нека е задоволен со нив. Тоа е ставот на учените кои ја следат вистината, а не на оние кои внесуваат новотарии.“ – крај на цитатот. Следбениците на Сунетот ги потврдуваат за Аллах сите Негови имиња и атрибути што Тој Самиот Си ги припишал – без извртување, негирање, прашување за нивната форма или споредување со созданијата. Истовремено, од Аллах негираат сè што Тој Самиот за Себеси го негирал, а молчат за сè за што нема ниту потврда, ниту негација. Возвишениот Аллах вели: „Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

