„Кажи: ,О Аллаху, упати ме и дај ми исправност‘, и замисли го твоето упатство како упатство на патот а исправноста со правото движење на стрелата кон целта.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Али, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рекол: „Кажи: ,О Аллаху, упати ме и дај ми исправност‘, и замисли го твоето упатство како упатство на патот а исправноста со правото движење на стрелата кон целта.“
Explanation
„Худа“ – упатување, е да се знае вистината во детали и општо, и да се биде успешен во следењето на истата, надворешно и внатрешно.
„Седад“ е: исправност во сите работи на правилен и вистинит начин, тој е исправниот пат во зборовите, делувањето и верувањето.
Бидејќи духовното појасно се толкува преку опипливото; Сети се, додека ја кажуваш оваа дова, дека: (Упатство е: Твое упатство кон патот), па почуствувај го тоа во срцето додека бараш упатство како да е патоказ за патникот, бидејќи тој не скршнува од патот ни десно, ни лево; за да не се изгуби, така е посигурно и побрзо ќе дојде до својата цел.
(А исправност е: како исправностa на стрелата) Значи, кога ќе ја насочиме стрелата, ја забележуваме брзината која таа ја достигнува и ја погаѓа целта. Кога стрелецот гаѓа, тој ја насочува стрелата кон целта, па така и ти барај го од Возвишениот Аллах тоа што го сакаш како да нишаниш со стрела; ќе бараш потполно упатство и потполна исправност.
Имај го ова значење во своето срце, кога бараш исправност од Аллах, за твоите намери да бидат во согласност со начинот со кој гаѓаш со стрелата.
Benefits
Пожелно е да се молиме со овие сеопфатни зборови за успех и исправност.
Аллаховиот роб треба да бара помош од Возвишениот во сите негови работи.
Давање пример во контекст на подучување.
Спој на дова со која бараме упатство и подобрување на состојбата, и перманентност во тоа, без отстапување од истото ни колку за еден миг, и подобрување во крајот. Така, неговите зборови: „Упати ме“ значат: одење по патот на упатството, а зборовите: „И дај ми исправност“ значат да работиш исправно и да не отстапуваш од упатството кое е постигнато.
Тој што се моли треба да внимава на својата дова и да ги почуствува во себе значењата на неговите дови. На тој начин е поголема веројатност да бидат примени.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

