„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Али, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека кај него дошол еден мукатеб (роб што склучил договор за свој откуп) и му рекол: „Не можам да ја исполнам обврската за својот откуп – помогни ми!“
Али му рекол: „Сакаш ли да те научам на зборови со кои ме поучи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем? – Дури и ако имаш долг колку што е планината Сир, Аллах ќе ти го отплати.“ А потоа му рече: „Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
Explanation
„дозволеното што Ти го дозволи“ – т.е. да ми биде доволно
„од“ – т.е. за да не паднам во
„она што Ти си го забранил и направи ме независен“ – т.е. ослободи ме од потреба
„со Твојата дарежливост“ – т.е. со Твојата благодат
„од секој друг освен од Тебе“ – т.е. да не зависам од ниту едно од созданијата.
Benefits
Должност на учените и повикувачите кон Аллах е да ги упатуваат оние што им се обраќаат и да ги насочуваат кон решенија што ќе им помогнат при појавата на тешкотии и проблеми.
Поттик за помош на мукатебот – роб што склучил договор за сам да се откупи.
Поттик за кажување на оваа дова и искрено барање од Аллах преку неа.
Халал зарабоката, дури и ако е мала, е подобра и поблагословена од харамот, дури и ако е обилен (харамот).
Човекот треба да се стреми кон независност од луѓето и доволен да му биде единствено Аллах.
Кога немаш што да му дадеш на оној што бара, барем одговори му љубезно и со убаво одбивање.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

