„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Зејд бин Еркам, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Нема да ви кажам ништо освен она што го говореше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој велеше во својата дова: „Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
Explanation
Benefits
Поттик за богобојазливост, ширење на знаењето и постапување според неа.
Корисното знаење е она што ја прочистува душата и во неа раѓа стравопочит кон Возвишениот Господар, која потоа се одразува и на делата на човекот.
Срцето исполнето со стравопочит е она што трепери и се вознемирува при спомнувањето на Аллах, а потоа омекнува и наоѓа спокој.
Инсистирањето за овој свет и ненаситноста во неговите страсти и уживања се покудени. Душата што е ненаситна и врзана за дуњалукот е најголемиот непријател на човекот – затоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, барал заштита од таквата душа.
Човекот треба да се оддалечи од причините што доведуваат до неприфаќањето на довата.
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис, како и другите дови со рима, се доказ за кажаното од учените: осудена е само онаа рима што е со преголемо напрегнување, бидејќи ја одзема стравопочитта, понизноста и искреноста, и го одвлекува човекот од вистинската молба и духовната смиреност. Но ако римата доаѓа природно, без труд и напор, поради совршена јазична убавина или е пренесена и научена напамет – тогаш нема пречка, туку тоа е убаво.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

