,О, Божји пратенику, што да направам ако некој се обиде да ми го земе имотот?‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша:
,О, Божји пратенику, што да направам ако некој се обиде да ми го земе имотот?‘
Тој одговори: ,Не му го давај.‘
Човекот праша: ,А ако се обиде да ме нападне?‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Спротивстави му се.‘
Човекот праша: ,А ако ме убие?‘
Тој рече: ,Тогаш ти си шехид.‘
Човекот повторно праша: ,А ако јас го убијам него?‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тој е во Пеколот.‘“
Explanation
Benefits
Овој хадис потврдува дека знаењето му претходи на делото, бидејќи асхабот најпрво го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за неговата обврска пред да постапи.
При одбрана од напаѓач, препорачливо е да се постапува постепено – најпрво со опомена или со барање помош – пред да се премине на борба. Ако, пак, дојде до борба, целта треба да биде одбрана, а не убиство.
Крвта, имотот и честа на муслиманот се забранети.
Ен-Невеви рекол: „Знај дека шехидите се делат на три категории: Првата категорија – оној што е убиен во борба против неверниците поради некоја од причините поврзани со војувањето. Таквиот има статус на шехид и на Ахирет, и според овоземните прописи: не се бања и не му се клања џеназе намаз. Втората категорија – оној што е шехид само во однос на наградата на Ахиретот, но не и според дуњалучките прописи. Тоа се: оној што умира од стомачна болест, оној што умира од заразна болест (како чума), оној што загинува под урнатина, оној што е убиен бранејќи го неговиот имот и сличните – за кои постојат сахих хадиси дека се нарекуваат шехиди. Таквиот се бања, му се клања џеназе намаз и има награда на шехид на Ахиретот, но таа не мора да биде иста како наградата на првата категорија. Третата категорија – оној што украл од воен плен или слично, за кого има хадиси што го негираат неговото именување како шехид ако биде убиен во борба со неверниците. Таквиот има дуњалучки пропис на шехид: не се бања и не му се клања џеназе намаз, но на Ахиретот нема целосна награда како вистинските шехиди.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

