„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина. Продавачот на мискот или ќе ти го подари, можеби ќе го купиш од него, или барем ќе почувствуваш пријатен мирис од него. А оној што дува во ковачка мешина или ќе ти ја изгори облеката, или ќе почувствуваш непријатна миризба од него.“
Explanation
Првата категорија: Добриот пријател и другар кој упатува кон Аллах и она што води кон Неговото задоволство, кој помага во покорност на Аллах. Неговиот пример е како оној што продава миск, кој може да ти го подари, или ќе можеш да го купиш од него, или барем ќе го мириснеш и ќе го почуствуваш неговиот пријатен мирис.
Втората категорија: Лошиот пријател и другар, кој одвраќа од Аллаховиот пат, поттикнува на грешење, се одликува со лоши постапки. Доколку се дружиме и седиме со него ќе ни се припише и она што тој го прави. Неговиот пример е како ковачот што дува во мешина: или ќе ти ја изгори облеката со искрите што се разлетуваат додека дува, или ќе почувствуваш непријатен мирис од неговата близина.
Benefits
Поттик и охрабрување за дружење со луѓе кои му се покорни на Аллах и кои прават добри дела, како и избегнување на оние кои се расипани и се неморални.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

