„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Explanation
1. Многубоштвото (ширкот) - да се смета некој за еднаков или истоветен со Аллах и да се извршува било каков вид на обожување кон некој друг освен кон Аллах. Овој грев го спомнува како прв бидејќи е најголемиот грев.
2. Магијата (сихрот) - која се состои од врзување чворови, нејасни учења и изговарање одредени неразбирливи зборови и дување, така што негативно влијае врз телото на омаѓосаниот, предизвикувајќи смрт, болест, или разделување помеѓу сопружниците. Ова е шејтанско дело и многу од него не може да се постигне освен преку многубоштвото и приближувањето кон злите духови со нешто што тие го сакаат.
3. Неправедното убиство кое Аллах го забранил, освен со законска причина која има право да ја спроведе само владетелот.
4. Земањето камата - било преку јадење или на друг начин на користење.
5. Узурпирање на имотот на сиракот чиј татко умрел додека тој сè уште не бил полнолетен.
6. Дезертирањето од бојното поле при битка со неверниците.
7. Клеветењето на чесните и чедните вернички за прељуба, вклучувајќи го и клеветењето на мажите.
Benefits
Смртната казна е дозволена ако е со право, како одмазда, отпадништво или прељуба по брак, и има право да ја спроведе само легитимниот владетел.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

