,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Бекрех, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: ,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“
Explanation
1. ,Придружувањето на рамен на Аллах (ширк)‘: Ова подразбира насочување на кој било вид ибадет кон некого друг освен Аллах, и изедначувањето на некого со Аллах во Неговиот Улухијјет (божественост), Рубубијјет (господарство), и во Неговите имиња и својства.
2. ,Непочитување на родителите‘: Тука се подразбира секоја форма на нанесување штета на родителите, било преку зборови или дела, како и преку запоставување на добрината и грижата за нив.
3. ,Лажен говор‘: Од овој вид е и лажното сведоштво; Тоа е секој изопачен и невистинит збор што има за цел да му нанесе штета на оној кој е цел на таквото дејство – било преку одземање на неговиот имот, повредување на неговата чест или нешто слично.
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, повеќепати предупредувал за опасностите од лажниот говор, истакнувајќи ја нивната одвратност и штетните последици врз општеството. Толку го повторувал ова, што асхабите рекле: „Посакуваме да престане.“; чувствувајќи жал за него и не сакајќи тој да се вознемирува.
Benefits
Големината на правата на родителите; кои се манифестираат со тоа што нивното право е поврзано со правото на Возвишениот Аллах.
Гревовите се делат на големи и мали. Големиот грев е секој грев што предизвикува казна на овој свет, како шеријатски казни или проколнување, или носи закана за казна на Оној свет, како што е заканата за влегување во Џехенемот. Големите гревови имаат различни нивоа на тежина, при што некои се построго забранети од други. Малите гревови, пак, се сите оние што не спаѓаат во категоријата на големи.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

