,,Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат на Арапскиот Полуостров, но ќе се труди да посее раздор меѓу нив
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,,Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат на Арапскиот Полуостров, но ќе се труди да посее раздор меѓу нив."
Explanation
Benefits
Шејтанот постојано се труди да предизвика расправии, омраза, војни и нереди меѓу муслиманите.
Една од придобивките на намазот во исламот е тоа што ја зачувува љубовта меѓу муслиманите и ги зајакнува братските врски меѓу нив.
Намазот е најважниот верски обред по двата шехадета, поради тоа муслиманите се наречени како „оние што клањаат“.
Арапскиот Полуостров има карактеристики што не ги поседуваат останатите места.
Ако некој рече дека на некои места од Арапскиот Полуостров се случило обожувањето на идоли, а Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат…“, тогаш ова значи известување за она што се случило во самиот шејтан – дека ја изгубил надежта кога ги видел освојувањата и масовниот влез на луѓето во исламот. Со други зборови, хадисот зборува за неговото мислење и очекување, но подоцнежната реалност била поинаква, според мудроста што ја сакал Севишниот Аллах.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

