„Оставете го тоа, затоа што тоа е одвратно.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Бевме на една воена експедиција кога еден човек од мухаџирите удри еден човек од енсариите. Тогаш енсаријата извика: „О, енсарии!“ а мухаџирот извика: „О, мухаџири!“
Тоа го чу Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и праша: „Што е ова?“
Му одговорија: „Еден човек од мухаџирите удри еден човек од енсариите, па енсаријата извика: „О, енсарии!“, а мухаџирот: „О, мухаџири!““
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Оставете го тоа, затоа што тоа е одвратно.“
Џабир додаде: „Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, пристигна, енсариите беа побројни; потоа мухаџирите се намножија.
Тогаш Абдулах бин Убеј рече: ‚Зарем го направија тоа?! Се колнам во Аллах, ако се вратиме во Медина, посилниот ќе го истера послабиот.‘
Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, рече: ‚Остави ме, о Аллахов пратенику, да му ја отсечам главата на овој лицемер!‘
Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Остави го, за да не кажуваат луѓето: Мухамед ги убива своите асхаби.‘“
Explanation
Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Остави го, за да не кажат луѓето: Мухамед ги убива своите следбеници дури и ако само јавно се покажуваат како такви.“
Benefits
Предупредување од групирање околу невистината и партиски поделби, кои се штетни и нечисти како некоја одвратна работа.
Забрана на сè што предизвикува непријателство и омраза.
Имамот ен-Невеви рекол: „Тоа што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го нарече ова ,џахилиетски повик‘ е доказ дека тоа е омразено и отфрлено. Тоа било обичај во времето на џахилиетот – кога секое племе меѓусебно се поддржувало во световните работи и интереси. Тие ги земале своите права преку племиња и врски, додека исламот дојде за да го поништи тоа и да воспостави пресуди преку шеријатски прописи. Ако некој му направи неправда на друг, тогаш кадијата пресудува меѓу нив и го задолжува виновникот со последиците од неговата неправда – како што е утврдено со принципите на исламот.“
Ес-Синди рекол: „Јасно е дека помагањето само затоа што некој е од истото племе, како што било во џахилиетот, е неосновано. Затоа, нема смисла секој да ја повикува својата племенска група. Но, помагањето на вистината е задолжително за секој верник – без разлика дали тој што е во право е од неговото племе или не е.“
Укажување на тоа какви биле лицемерите – со навредлив јазик и дрскост кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и кон неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив.
Укажување на исклучителната благост и трпеливост на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговата голема издржливост на штетите што му ги нанесувале лицемерите.
Предупредување од секое дело кое може да ги одврати луѓето од влегување во исламот. Затоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се воздржал од тоа да ги убие лицемерите – за луѓето да не речат: „Мухамед ги убива своите асхаби.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

