„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
Explanation
Benefits
Оставањето на празни и непотребни зборови и дела е доказ за совршеноста на исламот кај човекот.
Исламот нè поттикнува да се занимаваме со она што навистина нè засега од работите на верата и овој свет. Ако од убавината на исламот е тоа човекот го остава она што не го засега, тогаш од неговата убавина е исто така да се занимава со она што навистина го засега.
Ибн Кајим, рахимехуллах, рекол: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја сумирал целата воздржаност во една реченица: ,Од убавината на исламот на еден човек е да го остави она што не го засега.‘ Тоа го опфаќа оставањето на сèто она што не го засега, од зборови, погледи, слушање, дејствување, одење, размислување и сите надворешни и внатрешни движења. Тоа е една исцрпна и целосна дефиниција за воздржаноста.“
Ибн Реџеб рекол: „Овој хадис се смета за основа од основите на едебот (исламското однесување).“
Поттик за стекнување знаење, бидејќи преку него човекот го осознава она што го засега од она што не го засега.
Наредбата на добро и одвраќање од злото и насихатот (искрениот совет), бидејќи човекот со сето тоа е задолжен.
Во поширока смисла, хадисот упатува и на оддалечување од она што не го засега од она што Аллах го забранил и од она што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го мразел. Исто така, и од работи што не му се потребни во поглед на Ахиретот – како истражување на тајните од гајбот или деталите за мудростите во создавањето и верските прописи. Во ова спаѓа и поставувањето или истражувањето на замислени и претпоставени прашања кои никогаш не се случиле, ретко се случуваат или воопшто не може да се замисли нивното случување.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

