„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
Explanation
Аллах може да му испрати на таквиот човек несреќи преку кои ќе му се уништи имотот – било преку кражба, пожар, поплава, насилно отуѓување, грабеж, или други причини што водат до загуба на имотот.
Benefits
Харам заработката, иако може да биде количински обилна, таа е лишена од бериќет и во неа нема никакво добро.
Ел-Кари рекол: „Губењето на бериќетот од стекнатиот имот може да се појави на различни начини: да му се уништи имотот, да го потроши на нешто што не носи никаква корист ниту на дуњалукот ниту на Ахиретот, да му остане, но да не извлече никаква корист од него, или пак да го наследи некој што нема да биде благодарен.“
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис содржи забрана за често заколнување при трговија, бидејќи да се заколнуваме без потреба е покудно. А доколку се користи и за рекламирање на стоката, постои опасност купувачот да биде измамен со клетвата.“
Претераното заколнување е знак на слабост на иманот и тевхидот, бидејќи претераното колнење води до две работи: прво – навика на лесно и невнимателно изговарање на заклетви, и второ – лага, бидејќи оној што често се колне, лесно може да падне во лага. Затоа човекот треба да се воздржува и да не се заколнува без потреба. Во тој контекст, Возвишениот вели: „А за заклетвите ваши грижете се!“ (Ел-Маиде, 89)
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

