„Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“ Прашаа: „А доколку тој го има тоа што го спомнуваме?“ „Доколку тоа го има вие тогаш го озборувате а доколку го нема тогаш се работи за клевета“, одговори Аллаховиот пратеник.“
Explanation
Доколку тоа својство не се наоѓа кај него, тогаш тоа е потежок грев од озборувањето, тоа е бесправно обвинување т.е. измислуваме за човекот нешто што не постои кај него.
Benefits
Убавиот однос на асхабите кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кога одговорија: Само Аллах и Неговиот пратеник го знаат тоа.
Кога прашаниот не го знае одговорот ќе каже: Аллах најдобро знае.
Исламското законодавство ја штити заедницата со почитување на нивните права и генерира братски однос во истата.
Озборувањето е забрането, освен во неколку случаи кога се работи за поголема корист. На пример: отстранување на неправдата со тоа што оној на кој му е сторена неправда ќе го спомене оној што му згрешил, пред оној што може да ја отстрани таа неправда, ќе каже: Тој и тој ми направил штета, или вака и вака се однесувал со мене. Исклучок е и кога некој сака да се ожени, кога некој сака да влезе во деловен однос или кога некој сака да се пресели во некое место, па прашува за соседите и слично на овие ситуации.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

