Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Сеид, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Џибрил му дојде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша:
,О, Мухамед, дали си болен?‘
Тој одговори: ,Да.‘
Тогаш Џибрил рече: ,Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“
Explanation
„од сè што може да ти наштети“ – било мало или големо, „од злото на секоја злобна душа,“
– расипана душа, „и од завидливото око" што може да те погоди.
„Аллах нека те излекува", – нека те заштити и сочува од секоја болест. „Со Аллахово име ти учам рукја.“
Овие зборови Џибрил ги повторил за да ги потенцира, започнувајќи и завршувајќи со Аллаховото име – како потсетување дека само Тој навистина носи корист и излекување.
Benefits
Рукјата е дозволена под следниве услови: 1. Да биде со Куран, со спомнување на Аллах и со шеријатски дозволени дови. 2. Да биде на арапски јазик или на друг јазик со познато значење. 3. Да се верува дека рукјата сама по себе не делува, туку дека е само средство и делува само со дозвола на Севишниот Аллах. 4. Да биде чиста од ширк, харам, бидат или нешто што води кон тоа.
Потврда дека урокливото око постои и дека навистина може да наштети, па затоа е препорачливо да се побара заштита со рукја.
Препорачливоста рукјата да се прави на начин како што е пренесен во хадисите.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и секој друг човек, бил изложен на болести.
Аллаховата грижа и заштитата на Неговиот пратеник се манифестирала и преку задолжување на мелеци за неговата заштита.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

