„Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе посетеше болен човек, се молеше за него и велеше: „Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“
(Езхибил-бе'се раббен-наси, вешфи ве ентеш-шафи, ла шифае илла шифауке, шифаен ла југадиру секамен)
Explanation
Benefits
Посетата на болниот е едно од правата кои треба да се почитуваат помеѓу муслиманите, а кога станува збор за роднини – тогаш таа обврска е уште поголема.
Поттик за секого што посетува болен да направи дова за него со оваа благословена и автентична веровесничка дова.
Од практиката на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е лекувањето со шеријатска рукја – преку Куран и убави дови. Тој, салаллаху алејхи ве селем, се лечел со рукја кога бил болен, а истото го правел за своето семејство како и за другите луѓе.
Ибн Хаџер вели: „Некои се прашуваат: зошто да се прави дова за излекување на болниот, кога болеста е средство за бришење на гревовите и причина за награда – што е потврдено во бројни хадиси? Одговорот е: правењето дова е ибадет и не противречи на добивањето награда и бришењето на гревовите, бидејќи тие се постигнуваат уште со самото појавување на болеста и трпението при болеста. Оној што прави дова, тој е меѓу две добра: или ќе му биде прифатена довата и ќе оздрави, или – ако не – ќе му биде надоместено со нешто уште подобро: или со некаква корист, или со спречување на некое зло. А сето тоа е од Аллаховата милост.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

