,Бидете послушни и покорни, затоа што тие ќе одговараат за она за што се обврзани, а и вие ќе одговарате за она за што сте обврзани.‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ваил ал Хадрамиј, се пренесува дека рекол: „Селеме ибн Језид ал Џуфи, радијаллаху анху, го прашал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,О Аллахов пратенику, ако владетелите кои владеат со нас, ги бараат од нас нивните права, а ги негираат нашите права, што ни заповедаш да правиме?‘ Тој се оддалечи од него, па тој повторно го праша, а тој пак се сврте од него, и го праша по вторпат или третпат, тогаш Ешас бин Каис го повлече и рече: ,Бидете послушни и покорни, затоа што тие ќе одговараат за она за што се обврзани, а и вие ќе одговарате за она за што сте обврзани.‘“
Explanation
Пратеникот, алејхи селам, се оддалечил од него. Како да не ги посакуваше овие прашања, но човекот го повтори прашањето по вторпат и третпат, па Ешас бин Каис, радијаллаху анху, го повлече со цел да го замолчи.
Пратеникот, алејхи селам, тогаш му одговорил и рекол: „Бидете послушни и покорни на нивнате наредби. Тие се одговорни за она со што се задолжени во однос на правдата и исполнувањето на правата на поданиците, а вие сте одговорни за она со што сте задолжени во однос на послушноста, почитувањето на правата и да бидете трпеливи во искушението.“
Benefits
Грешките на владетелите во нивните должности не ги оправдуваат грешките на луѓето во нивните должности; Секој е одговорен за своите постапки и ќе одговара за своите грешки.
Верата не се заснова на реципроцитет, туку на посветеност кон она со што сме задолжени, дури и ако другата страна не го исполнува она што се бара од неа, како што е спомнато во овој хадис.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

