Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ирбад бин Сарије, радијаллаху анху, вели: „Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцата ни затреперија а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и од ново-воведените работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
Explanation
Benefits
Да ги практикуваме советувањата со цел да им ги омекнеме срцата на луѓето.
Наредба да ги следиме четворицата праведни халифи после Пратеникот, а тоа се Ебу Бекр, Омер, Осман и Али, Аллах нека е задоволен со сите нив.
Забрането е да воведеме нешто ново во верата, и секоја таква измислица нè води во заблуда.
Треба да им бидеме послушни и покорни на тие што ги водат муслиманите, освен ако се работи за грев.
Важноста на богобојазливоста од Аллах Возвишениот, во секое време и во секоја ситуација.
Несогласувањето е можно помеѓу припадниците на овој умет, а ако се случи, потребно е да и се вратиме на традицијата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и на неговите праведни халифи.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

