„Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Омер, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека дошол до Црниот камен, го бакнал и рекол: „Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“
Explanation
Benefits
Целта од бакнувањето на Црниот камен е следење на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Имамот ен-Невеви рекол: „Смислата е дека каменот е создаден предмет кој сам по себе не носи ниту корист, ниту штета – како и сите други создадени нешта. Омер, Аллах нека е задоволен со него, го кажал ова јавно за време на аџилакот, за да се пренесе во различни земји и да го запомнат луѓето од разни краеви кои дошле на аџилак.“
Ибадетите се шеријатски утврдени – не е дозволено ништо освен она што го пропишале Аллах и Неговиот Пратеник.
Кога некој ибадет е потврден со веродостоен доказ, тој се практикува, дури и ако не ја знаеме неговата мудрост – бидејќи самото покорување и исполнување е дел од целта на ибадетот.
Забрането е – од побожност – да се бакнува нешто што шеријатот не дозволил да се бакнува, како што се камењата и слични предмети.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

