,На овој свет биди како да си странец или случаен минувач.‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесувадека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме фати за рамото и ми рече: ,На овој свет биди како да си странец или случаен минувач.‘“ А Ибн Омер велеше: „Ако ја дочекаш ноќта, не чекај го утрото, а ако се разбудиш наутро, не чекај ја ноќта. Искористи го здравјето пред да дојде болеста, а животот пред да дојде смртта.“
Explanation
Ибн Омер работеше според овој совет и велеше: Ако се разбудите наутро, не чекајте ја ноќта, а ако ја дочекате ноќта, не чекајте го утрото, и сметајте се за умрени, затоа што животот е менување на состојбата на здравје и болест; Затоа, побрзај со дела на покорност во деновите на здравјето пред да настапи болеста. Искористи ги добрите дела во период на здравјето пред да те спречи болеста, и искористи го својот живот на овој свет и собери го на него она што ќе ти користи после твојата смрт.
Benefits
Иницијација на советување и упатување кон тој што не побарал такво нешто.
Пратеникот, алејхи селам, добро поучувал давајќи убедливи примери, како што се зборовите: „Биди на овој свет како да си странец или патник.“
Луѓето се разликуваат во нивното патување кон задгробниот живот. Патникот е на поголемо ниво на аскетизам од странецот.
Појаснување дека надежта во долгиот живот е кратка, и дека треба да се подготвиме за смрт.
Хадисот не укажува на откажување од егзистенцијата и забрана на световните задоволства; туку упатува на скромноста, да се воздржиме и да ги намалиме уживањата.
Треба да се побрза со добрите дела пред да ја изгубиме можноста да ги направиме, заради болест или смрт.
Доблеста на Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, кој беше под влијание на овој хадис на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам.
Татковината на верниците е Џенетот, а тој е туѓинец на овој свет, тој патува кон Ахиретот, затоа неговото срце не е приврзано за ништо од местото кое не е негово, туку неговото срце е врзано за неговата татковина во која тој ќе се врати, а неговиот престој на овој свет е за да ги исполни своите потреби и да се подготви за враќање во татковината.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

