„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува.
Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати.
,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“
Explanation
– Крвта: да не му го одземе животот со убиство, да не му нанаесе повреда или да го нападне;
– Имотот: да не му се одземе нешто неправедно;
– Честа: да не се навредува, понижува или озборува.
Benefits
Темелот на богобојазливоста се наоѓа во срцето – во спознавањето на Аллах, стравувањето од Него и постојаното надгледување на сопствените постапки. Од таквата богобојазливост произлегуваат добрите дела.
Надворешното отстапување од праведноста укажува на слабост на богобојазливоста во срцето.
Забрането е муслиманот да се вознемирува на кој било начин – било со збор, било со постапка.
Не се смета за завист (хасед) кога муслиманот посакува да има нешто слично како некој друг, сè додека не посакува тоа да му се одземе на другиот. Ова се нарекува „пофална љубомора“ (غبطة) и е дозволена, бидејќи поттикнува на натпреварување во добрите дела.
Човекот по природа не сака некој да го надмине во добра. Ако посака тие благодати да исчезнат кај другиот – тоа е укорена завист, односно хасед. Но ако посака да го достигне или надмине – без да му посака загуба – тогаш тоа е дозволена „пофална љубомора“.
Не се смета за забранета продажба преку продажбата на братот ако некој му укаже на купувачот дека бил грубо измамен – бидејќи тоа спаѓа во искрен совет. Сепак, услов е намерата да биде советување од грижа за братот муслиман, а не нанесување штета на продавачот, а делата се вреднуваат според намерите.
Исто така, не се смета за забранета таквата продажба ако продавачот и купувачот сè уште не се договориле и не постигнале конечен договор околу цената.
Омразата што е забранета во хадисот не ја опфаќа омразата поради Аллах – напротив, таа е обврска и спаѓа меѓу најцврстите алки на иманот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

