„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Explanation
Benefits
Самите скушенија се доволни за бришење на гревовите, но под услов човекот да биде верник. Ако остане трпелив и не негодува, ќе биде награден за тоа.
Трпението е потребно во сите животни околности, како во благосостојбата така и при потешкотиите. Човекот треба да биде истраен сè додека не го исполни она што Аллах му го наредил и сè додека не се воздржи од она што Аллах го забранил, надевајќи се на Неговата награда и плашејќи се од Неговата казна.
Зборовите „верникот и верничката“ јасно укажуваат дека ова ветување важи подеднакво и за жените. Дури и ако беше спомнат само верникот, и жените ќе беа опфатени, но со ова посебно се истакнува дека и кога жената ќе биде погодена од искушение, таа ќе ја има истата награда – бришење на гревовите и престапите.
Она што му ја олеснува болката на човекот од постојаните искушенија е свеста за големата награда што произлегува од нив.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

