„Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Зер, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Некои од асхабите му рекоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем:
„О Аллахов пратенику, богатите нè надминаа во наградите – и тие клањаат како што и ние клањаме, и постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат и од вишокот на своето богатство како садака!“
Тој им рече:
„Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“
Тие рекоа:
„О Аллахов пратенику, зарем некој од нас, кога ќе ја задоволи својата страст, ќе има награда за тоа?!“ Тој рече: „Што мислите – ако ја задоволи на забранет начин, зарем не би сносел грев за тоа? Така, кога тој ќе ја задоволи на дозволен начин – ќе има награда.“
Explanation
Benefits
Многувидноста на видовите добри дела, и тоа дека секое дело што муслиманот го прави со искрена намера и добра цел, се смета за добро дело.
Леснотијата и едноставноста на исламот, така што секој муслиман, без разлика на неговата положба, може да најде дело преку кое ќе Му се покори на Аллах.
Имамот ен-Невеви рекол: „Овој хадис е доказ дека дозволените (мубах) дела можат да станат ибадет ако се прават со искрена намера. Така, интимниот однос станува ибадет ако човекот има намера преку него да го исполни правото на сопругата и да живее со неа на начин како што Аллах го пропишал; или со намера да добие чесно и побожно потомство; или да се заштити себеси или неа од грев; или да се заштитат двајцата од гледање во харам, размислување за него или стремеж кон него – или поради некоја друга исправна цел.“
Давањето примери и користењето аналогија како метод што ја олеснува и појаснува пораката за слушателот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

