„Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“
Explanation
„О Аллах, подари му на оној што го троши својот имот во покорност кон Тебе, за своето семејство, за гостите и за доброволните дела – надоместок и уште поголема добрина, и подари му бериќет.“
А другиот вели:
„О Аллах, направи имотот на оној што е скржав и не дава во добри цели да пропадне, и уништи го богатството што го ускратил од оние што го заслужуваат.“
Benefits
Мелеците прават дова за верниците кои трошат во добри цели, молејќи Аллах да им подари добрина и бериќет, а нивните дови се прифатени.
Поттикнување на трошење и дарување, како во задолжителни, така и во доброволни цели – како што се издржувањето на семејството, одржувањето на роднинските врски и друго.
Појаснување на вредноста на оној што троши во добри цели и дека неговата награда е тоа што Аллах ќе му го надомести. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,Господарот мој дава обилно надоместување кому сака од робовите Свои, а кому сака ускратува; што и да дадете, Тој тоа ќе го надокнади, Тој најдобро снабдува.‘“ (Сабе, 39)
Оваа дова се однесува на оној што ги задржува своите средства и не троши за задолжителните/обврзувачките трошоци. Што се однесува до доброволните трошоци, тоа не спаѓа во оваа категорија и таквиот не заслужува таква дова против него.
Забрана на скржавоста и себичноста.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

