„Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата. По него влегол еден човек, клањал, а потоа дошол и го поздравил со селам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно дошол и го поздравил со селам. Пратеникот повторно му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“
Тоа му го повторил трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори текбир. Потоа цитирај од Куранот она што ти е олеснето (што не ти предизвикува потешкотија). Потоа оди на руку – сè додека не се смириш на руку. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправено. Потоа падни на сеџда – сè додека не се смириш на сеџда. Потоа стани од сеџда и седни – сè додека не се смириш во таа положба. Потоа направи го тоа во текот на целиот намаз.“
Explanation
И прави го тоа во секој рекат од твојот намаз.“
Benefits
Смиреноста е еден од рукновите/столбовите на намазот.
Имамот ен-Невеви рекол: „Овој хадис укажува дека намазот не е исправен доколку се изостави некој од неговите задолжителни делови“
Имамот ен-Невеви рекол: „Хадисот укажува колку е важно со нежност, трпеливост и јасно објаснување да му се пристапи на оној што учи или не знае – така што ќе му се пренесе суштината без да се оптоварува со споредни детали што не може да ги запамети или да ги практикува.“
Имамот ен-Невеви рекол: „Од хадисот се заклучува дека ако муфтијата (учениот што дава верски одговори) биде прашан за нешто, а забележи дека прашувачот има потреба и од нешто друго што не го спомнал – препорачливо е да му укаже и на тоа. Ова се смета за искрен совет и поука, а не за мешање во нешто што не те засега.“
Доблесно е човекот да признае дека нешто не знае – а доказ се зборовите: „Не знам подобро од ова, па подучи ме!“
Ибн Хаџер рекол: „Хадисот укажува на обврската да се наредува доброто и да се забранува лошото, како и на правото на ученикот да побара од учителот да го подучи.“
Од хадисот исто така произлегува: – Препорачливоста на поздрав со селам при средба, – Обврската да се возврати на селамот, – Препорачливоста селамот да се повтори при секоја средба, дури и ако поминало малку време, – И обврската да се возврати на селамот секојпат посебно.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

