„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото: челото – и покажа со раката кон носот, дланките, колената и врвовите на стапалата. Исто така, ми беше наредено притоа да не ги собирам алиштата и косата.“
Explanation
Прво: челото, тоа е горниот рамен дел од лицето, над носот и очите, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, покажал со својата рака кон носот, појаснувајќи дека челото и носот се еден орган од тие седум делови, и со тоа потврдил дека тој што прави сеџда треба ја допре земјата со носот.
Второ и трето: рацете.
Четврто и петто: колената.
Шесто и седмо: прстите на нозете.
Пратеникот ни забранил да си ја врзуваме косата и да си ја собираме облеката при извршувањето на сеџдата додека се спуштаме на земјата, за да ги заштитиме. Напротив, потребно е да ја оставиме косата и облеката да ја допираат земјата, па и тие да направат сеџда со останатите делови на телото.
Benefits
Не е препорачано да ја собираме облеката и косата во намазот.
Клањачот треба да биде смирен во текот на намазот, тоа ќе се случи кога ќе ги спушти сите седум делови на телото на земјата, и во таа состојба ќе се смири и ќе го цитира задолжителниот зикр.
Забраната да се собере косата се однесува само за мажите, но не и за жените, бидејќи жената во намаз мора да биде покриена со шамија.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

