„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“
Кога правеше руку, не ја креваше главата нагоре, ниту ја наведнуваше надолу, туку држеше средина.
Кога ќе ја кренеше главата од руку, не одеше веднаш на сеџда сè додека целосно не се исправеше стоејќи.
А кога ќе ја кренеше главата од сеџда, не правеше повторна сеџда сè додека не седнеше исправено.
На секои два реката изговараше „ет-Техијјат.“
Ја пружаше својата лева нога, а ја исправуваше десната.
Го забрануваше „седнувањето на шејтанот“ и забрануваше човек да ги спушта своите раце на земја како ѕвер.
И го завршуваше намазот со селам.“
Explanation
Benefits
Задолжителноста на почетниот текбир – со него започнува намазот и со тоа станува забрането секакво зборување или постапка што не припаѓа во намазот. Ниту една друга изјава не може да го замени овој текбир при започнувањето на намазот.
Задолжителноста на рецитирањето на сурата „Ел-Фатиха“.
Задолжителноста на руку, при што најдобро е главата и грбот да бидат израмнети – без кревање и без претерано наведнување.
Обврската за кревањето од руку и должноста исправено да се стои по него.
Задолжителноста на сеџдата, кревањето од неа и задолжителноста на седење исправено по неа.
Пропишаноста клањачот да ја спушти левата нога и да седи врз неа, а десната да ја исправи за време на седењето во намазот. А при последниот тешехуд во намазот кој има два тешехуда – како акшамскиот и јацискиот – пропишано е седење во положбата наречена „теверук“; за тоа постојат и други хадиси.
Забрана за уподобување на шејтанот во неговото седење – кога човек седи врз петите и ги спушта стапалата на земја, или пак ги исправува стапалата и седи меѓу нив на земја.
Забрана за уподобување на ѕверовите во нивното спуштање – кога клањачот ги раширува и ги полага подлактиците на земја за време на сеџда, бидејќи тоа е знак на мрзеливост и слабост.
Забрана за имитирање на шејтанот и животните во нивните постапки.
Задолжителноста намазот да се заврши со селам, што претставува дова за сите клањачи – и присутни и отсутни, од праведните – да бидат заштитени од сите зла и недостатоци.
Обврската за смиреност во намазот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

