„Најдобрите сафови за мажите се првите, а најлошите последните. Додека за жените, најдобрите сафови се последните, а најлошите првите.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобрите сафови за мажите се првите, а најлошите последните. Додека за жените, најдобрите сафови се последните, а најлошите првите.“
Explanation
Benefits
Дозволеноста на жените да клањаат во џамија заедно со мажите, но во посебни сафови, со задолжително придржување кон пропишаното покривање и чедност.
Кога жените се соберат во џамијата, треба да стојат во сафови, како што тоа го прават мажите, без да се раздвојуваат. Наредено им е да бидат во исправени сафови, без празнини, исто како и кај мажите.
Хадисот јасно укажува на грижата на шеријатот во одвојувањето на жените од мажите дури и на местата каде што се извршува ибадет.
Луѓето се разликуваат според нивните дела.
Имамот ен-Невеви рекол: „Што се однесува до сафовите на мажите, тие остануваат непроменети – најдобри се првите, а најлоши последните. Но, кога станува збор за сафовите на жените, хадисот се однесува на оние кои клањаат заедно со мажите. Доколку тие клањаат одвоено, без мажи, тогаш нивните сафови се како кај мажите – најдобрите се првите, а најлошите последните.“
Имамот ен-Невеви рекол: „Пофалениот прв саф, за кој се спомнати хадиси што го поттикнуваат заземањето на тоа место, е оној што е веднаш зад имамот – без разлика дали оној што го зазел пристигнал порано или подоцна, и без разлика дали има преграда или нешто слично што го дели од имамот или не.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

