„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“
Потоа Ебу Хурејре рекол:
„Цитирајте, ако сакате:
,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)
Explanation
Цитирајте ако сакате: „...бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.“ (Ел Исра, 78) Што значи дека на сабахскиот намаз присуствуваат мелеците на денот и на ноќта.
Benefits
Овој хадис укажува на посебната вредност на сабахскиот намаз, бидејќи за него е спомнато дека се собираат и мелеците на ноќта и мелеците на денот.
Ибн Баз рекол: „Верникот треба да се труди да ги клања сите намази во џемат, дури и ако џамијата е оддалечена – за да ја постигне оваа голема награда.“
Имамот Невеви, објаснувајќи ја разликата меѓу хадисите во кои се спомнува дека намазот во џемат е повреден за дваесет и пет степени, и оние во кои се спомнуваат дваесет и седум, вели дека усогласувањето меѓу нив може да се сфати на три начини: 1. Нема противречност – спомнувањето на помал број не го негира поголемиот. Според принципите на исламското право, наведувањето одреден број не го исклучува она што е повеќе. 2. Можно е прво да бил пренесен помалиот број, а потоа Аллах го известил Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за поголемата награда, па тој ја пренел. 3. Наградата може да се разликува во зависност од состојбата на клањачот и на самиот намаз – кај некои луѓе наградата е дваесет и пет, а кај други дваесет и седум – според степенот на нивната смиреност, грижата за намазот, бројот на џематлиите и вредноста на џематот, местото каде што се клања и слични фактори. А Аллах најдобро знае.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

