„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“, На Пратеникот, алејхи селам, му беше донесено тенџере во кое имало зеленчук, и почувстувал мирис од него, па прашал што има внатре и му кажале, а тој рекол: „Донесете го.“, за еден од асхабите што бил со него, но тој кога го виде јадењето, не сакаше да го јаде, па Пратеникот му рече: „Јади, зашто јас комуницирам со некој со кој ти не комуницираш.“ А Муслим пренесува, од Џабир бин Абдулах, од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кој рекол: „Кој јаде од оваа билка, лук“ – а еднаш рекол: „Кој јаде кромид, лук и праз, немој да се доближува до нашата џамија, зашто на мелеците им пречи она што им пречи на синовите Адамови.“
Explanation
И Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известил дека на мелеците им пречи лошата миризба, како што им пречи на луѓето.
Benefits
Во овие работи спаѓа сè што има непријатен мирис што им пречи на тие што клањаат, како што е миризбата од чад, тутун и слично.
Причината зошто е забрането гореспомнатото е лошата миризба, па доколку таа исчезне со готвење или на некој друг начин, ќе престане и забраната (за доаѓањето во џамија).
Не е пожелно да јадат од овие работи тие што мора да присуствуваат на намаз во џамијата. За да не се пропушти џемаат-намаз во џамија, а ако се јаде за да не се присуствува, тогаш е харам.
Тоа што Пратеникот, алејхи селам, се воздржувал од јадење лук и слично, не значи дека истото е забрането, туку тој тоа го направил затоа што комуницирал со мелекот Џибрил, алејхи селам.
Убавата метода со која Пратеникот, алејхи селам, подучуваше, бидејќи ја кажуваше причината за прописот кој го толкуваше, со тоа слушателот се запознаваше со мудроста на пропишувањето.
Ел-Кади рекол: „Учените луѓе ова го споредија со сите собири за намаз, вон џамијата, како што е собир за Бајрам-намаз, џеназе-намаз и слични собири на ибадет, но исто така и собири на знаење, спомнување на Аллах, гозби и слично, во ова не спаѓаат пазарите и слични места.“
Учените луѓе рекоа: „Овој хадис е доказ дека јадењето лук и слично е причина за забрана да се влезе во џамија – дури и ако е празна – затоа што таму се мелеките но и според општото значење на хадисите.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

