„Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Невас бин Семан, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“ Вабиса бин Мабед, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па тој ми рече: ‚Дојде да прашаш за добродетелството и за гревот?‘ Реков: ‚Да.‘ Тој рече: ‚Побарај од своето срце фетва. Добродетелство е она што душата ја смирува и срцето се чувствува мирно со тоа. А гревот е она што те вознемирува внатре и предизвикува колебање во градите – дури и ако луѓето ти даваат фетва дека е дозволено.‘“
Explanation
Benefits
Вистината и лагата не му се нејасни на верникот – тој ја препознава вистината преку светлината во своето срце, а од лагата се оддалечува и ја отфрла.
Еден од знаците на гревот е грижата и вознемиреноста на срцето, како и непријатноста од тоа луѓето да дознаат за него.
Ес-Синди рекол: „Ова се однесува на сомнителните работи во кои луѓето не можат со сигурност да утврдат дали нешто е дозволено или не. А она што е јасно наредено во шеријатот, без доказ што укажува на спротивното, спаѓа во добродетелството, додека она што е недвосмислено забрането припаѓа на гревовите. Во такви случаи, нема потреба од враќање кон срцето ниту од барање негов спокој.“
Оние на кои им се обраќа хадисот се луѓето со чиста фитра, а не оние со изопачени срца, кои не го препознаваат доброто ниту го отфрлаат злото, таквите прифаќаат само она што се совпаѓа со нивните страсти.
Ет-Тиби рекол: „Се вели дека добродетелството во хадисот е толкувано на различни начини. На едно место е објаснето како она што му носи спокој на срцето и душата, на друго е толкувано како иманот, на трето како сè што те приближува до Аллах, а овде како убавото однесување. Убавото однесување е толкувано како трпеливост на навредите, воздржаност од гневот, ведрина на лицето и убавиот говор. Сите овие значења се меѓусебно поврзани.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

