Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘ Човекот рече: ,Ништо, освен што го сакам Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘
Енес вели: ,Ништо не нѐ израдува толку, колку зборовите на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘
Потоа додаде: ,Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив поради мојата љубов кон нив, иако не ги достигнав нивните дела.‘“
Explanation
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори со прашање: „А што си подготвил за него од добрите дела?“
Човекот рече: „Немам многу добри дела, освен тоа што го сакам Аллах и Неговиот пратеник.“ Не спомна други ибадети – ниту срцеви, ниту телесни, ниту материјални, бидејќи сите тие произлегуваат од љубовта, а искрената љубов е поттик за посветеност на добрите дела.
Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Ќе бидеш во Џенетот со оној кого го сакаш.“
Асхабите многу се израдуваа на оваа радосна вест.
Енес, Аллах нека е задоволен со него, рече: „Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив, иако моите дела не се како нивните.“
Benefits
Аллах ја скрил точната временска одредница на Часот за луѓето постојано да останат подготвени за средбата со Него.
Вредноста на љубовта кон Аллах, Неговиот пратеник и добрите верници, како и предупредувањето за опасноста од љубовта кон многубошците.
Зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Ќе бидеш со оној кого го сакаш“ – не значат дека сите ќе бидат на ист степен и положба во Џенетот, туку дека верниците ќе бидат заедно во него, при што секој ќе може да го види оној што го сака, иако нивните степени може да бидат различни.
Насочување на муслиманот кон она што е покорисно и поважно за него, и да избегнува прашања што не му носат корист.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

