„Халалот е јасен и харамот е јасен
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Абдулах, Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Халалот е јасен и харамот е јасен, а помеѓу нив се сомнителните работи кои не им се јасни на повеќето луѓе, па кој се оддалечи од тие сомнителни работи, тој ја сочувал својата вера и чест, а кој ќе навлезе во сомнителните работи ќе навлезе во забранетото, исто како пастирот кој го чува своето стадо блиску до забрането место, стадото лесно може да влезе во него. Секој Владател има забранети територии, а таа на Аллах се харамот. Навистина во телото има еден орган, ако е тој здрав и телото ќе биде здраво, а ако тој не е здрав и телото ќе биде расипано, а тоа е срцето."
Explanation
Кој ги одбегнува овие сомнителни работи ќе ја спаси својата вера со тоа што се оддалечил да не навлезе во некоја забранета работа, и исто така ја спасил својата чест од тоа луѓето да кажуват нешто лошо за него затоа што навлегол во овие сомнителни работи. Кој не се одалечил од сомнителните работи, таквиот се изложил или да навлезе во забранети работи, или пак луѓето да зборуваат за неговата чест. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дал пример со кој ја опишува состојбата на тие што навлегле во сомнителни работи, дека е слична на пастирот кој го чува своето стадо блиску до туѓа земја. Голема е можноста стадото на овој пастир да навлезе во таа туѓа земја заради близината во која се наоѓа, исто е и со тој што прави дела кои се сомнителни, бидејќи тој се приближува до забранетото и многу лесно може да направи нешто забрането. А потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека во телото има еден орган (срцето), ако е здрав и телото ќе биде здраво, а ако е болен (нефункционален) и телото ќе биде болно.
Benefits
Поттик да го оставиме сомнителното, за кое нема објаснување каков е прописот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

