„Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од владарот на правоверните, Ебу Хафса, Омер бин Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера. Па, кој ќе направи хиџрет заради Аллах и Неговиот пратеник, неговиот хиџрет е за Аллах и Пратеникот; а кој ќе направи хиџрет заради материјална/овосветска добивка, или заради жена да ја ожени, неговиот хиџрет е за она за што го направил.“
Explanation
Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дал пример со кој го толкува влијанието на намерата во делата кои наизглед се идентични однадвор, ни појасни дека тој што наумил со својата преселба, оставајќи ја својата татковина, да го постигне задоволството на својот Господар, неговата хиџра ќе биде според според прописите и прифатена, ќе биде награден за неа заради искреноста во намерата, додека тој што наумил со својата преселба некоја овосветска корист: пари, углед, трговија или брак, тој со својата преселба ќе ја има само таа корист за која ја направил, и нема да биде награден со севапи.
Benefits
Дела со кои се приближуваме кон Аллах Возвишениот, ако човекот ги направи како обичај, тогаш нема да има награда за тоа дело, се додека не науми со тоа дело да му се приближи на Аллах.
Ниетот (намерaта) прави разлика меѓу самите ибадети, како и меѓу ибадетите и адетите – секојдневните навики.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

