„Фитните ќе бидат изложувани на срцата – една по една – како што се редат прачките на сламен рогоз
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Хузејфе, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Бевме кај Омер, Аллах нека е задоволен со него, кога тој рече:
,Кој од вас го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како зборува за фитните (искушенијата)?‘ Некои од присутните рекоа: ,Ние го слушнавме.‘ Тогаш Омер рече: ,Можеби мислите на фитната што му се случува на човекот во неговото семејство, соседство и слично?‘ Рекоа: ,Да.‘ Тој рече: ,Таквите фитни се бришат со намаз, пост и садака. Но, кој од вас го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како зборува за онаа голема фитна што ќе се рашири како морски бран?‘ Хузејфе рече: Сите молчеа, а јас реков: ,Јас го слушнав.‘ Омер рече: ,Аллах да те поживее, кажи!‘ Тогаш Хузејфе рече: ,Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Фитните ќе бидат изложувани на срцата – една по една – како што се редат прачките на сламен рогоз. Срцето што ќе ги прифати, во него се втиснува црна точка; а срцето што ќе ги одбие, во него се втиснува бела точка – сè додека срцата не се поделат на две:
– едното срце бело, сјајно како камен што го испрал дожд – и ниедна фитна не може да му наштети сè додека постојат небесата и земјата;
– а другото црно, затемнето, превртено – како сад поставен наопаку: не препознава добро, ниту се одвраќа од зло, освен она што му го наметнал неговиот нефс (его).“
Хузејфе продолжува: ,Му реков на Омер: Меѓу тебе и таа фитна има заклучена врата. Но наскоро ќе биде скршена.‘
Омер праша: ,Скршена, мајка да не те родела?! Не можеше барем да се отвори? Тогаш ќе можеше и да се затвори!‘
Му реков: ,Не. Таа ќе биде скршена.‘
Му објаснив дека таа врата е еден човек – кој ќе биде убиен или ќе умре. Тоа беше точно пренесено, а не претпоставка.“
Ебу Халид вели: „Му реков на Сад: ,О, Ебу Малик, што значи црно затемнето?‘ Тој одговори: ,Тоа е црна боја помешана со сјај на бело – сивкава, пепеласта боја.‘
Потоа го прашав: ,А што значи како превртен сад?‘ Тој рече: ,Тоа значи – поставен наопаку.‘“
Explanation
„Ние го слушнавме како зборува за нив.“ Тогаш Омер рече: „Можеби мислите на искушенијата што му се случуваат на човекот во неговото најблиско опкружување – со сопругата и децата – поради преголема љубов, претерана грижа или поради тоа што го одвлекуваат од добрите дела. Или пак мислите на запоставување на обврските кон нив: воспитувањето, поучувањето и исполнувањето на нивните права. Исто така, можеби мислите на искушението со соседот и слично?“ Тие одговорија: „Да.“ Омер рече: „Таквите фитни бараат пресметка, а дел од нив се гревови кои се бришат со добрите дела како намазот, постот и садаката. Но, кој од вас го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зборува за општите фитни, заради нивната големина и распространетост, што го вознемируваат народот како што брановите ја разбрануваат морската површина?“ Луѓето замолчеа, а Хузејфе бин Јеман, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, рече: „Јас го слушнав.“ Омер, Аллах нека е задоволен со него, се израдува и му рече:
„Аллах да те награди – навистина си достоен син на својот татко – кажи!“ Тогаш Хузејфе рече: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: Фитните ќе му бидат изложени на срцето – една по една – како што се редат прачките на сламен рогоз, и ќе се лепат за неговите страни. Ако срцето ги прими – ќе се впијат во него како пијалак – и ќе се втисне во него една црна точка. А ако ги одбие – ќе се втисне бела точка. Со текот на времето, срцата ќе се поделат на два вида:
– Бело срце, чисто и цврсто во иманот – срце што фитната не го допира, како мазен камен на кој ништо не се задржува – и тоа срце нема да биде повредено од ниедна фитна сè додека не го сретне Аллах. – Црно и искривено срце – затемнето и превртено/накосо поставено како сад што не задржува вода – таквото срце не препознава добро, ниту одбива зло, освен она што му го диктира неговата страст.“ Потоа Хузејфе му рече на Омер:
„Меѓу тебе и тие фитни има една врата – и наскоро таа ќе биде скршена.“ Омер праша:
„Скршена?! Зарем не може само да се отвори, па повторно да се затвори?“ Хузејфе одговори: „Не – таа ќе биде скршена.“ И му објасни дека таа врата е човек – кој ќе биде убиен или ќе умре. Потоа рече: „Тоа што ти го пренесов не е претпоставка, ниту земено од луѓето на Книгата, ниту е плод на лично мислење – туку е сигурна, вистинита вест што ја слушнав од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“
Benefits
Личните фитни, доколку се поврзани со верата, тогаш оној што ги доживува е укорен, бидејќи станува збор или за новотарии, или за гревови. А ако се однесуваат на дуњалучките прашања, тие претставуваат искушение и испит за човекот, и обврска му е да покаже трпеливост.
Срцето се менува под влијание на фитните на кои е изложено, а навистина е среќен оној кому Аллах му подарил истрајност и упорност во упатството.
Имамот Невеви пренесува од авторот на „Техрир“, кој вели: „Суштината на хадисот е дека кога човек ќе се препушти на својата страст и ќе започне со гревови, со секој грев во неговото срце навлегува темнина. А кога срцето ќе стане такво – заробено од страстите и гревовите – лесно паѓа во фитна, и светлината на исламот исчезнува од него. Срцето е како сад – кога ќе се преврти, се истура сè што имало внатре и повеќе не може да прими ништо ново.“
Зборовите на Омер до Хузејфе: „мајка да не те родела“ – се израз што означува сериозност и повик на будност, сериозност и подготвеност, како човек кој е оставен сам да се соочи со тежок предизвик без ничија помош.
Вредноста на Омер, Аллах нека е задоволен со него, се гледа и во тоа што токму тој беше „затворената врата“ меѓу народот и големата фитна.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

