„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ел-Микдад бин Мади Кериб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Explanation
Benefits
Целта на јадењето е зачувување на здравјето и силата, а со тоа и одржување на животот.
Преполнетиот стомак нанесува телесни и верски штети. Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Чувајте се од прејадување, зашто тоа го расипува телото и го прави човекот мрзелив за намазот.“
Јадењето, според шеријатските прописи, се дели на неколку категории: Ваџиб – она со кое се чува животот, а неговото оставање води кон штета. Дозволено – она што е повеќе од потребното, без опасност од штета. Мекрух – она од кое постои страв дека може да предизвика штета. Харам – она за кое е јасно познато дека предизвикува штета. Мустехаб – она со што човекот се зајакнува во ибадетот и покорноста кон Аллах. Ова е сумирано во хадисот во три степени: 1. Полнење на стомакот. 2. Неколку залци што го држат исправен грбот. 3. „Една третина за храната, една третина за пијалакот и една третина за воздухот.“ Сето ова важи само кога видот на храната е дозволен.
Хадисот претставува еден од темелите на медицината. Медицинската наука се темели на три основи: зачувување на силата, воздржување од она што штети и прочистување. Овој хадис ги опфаќа првите две. Како што вели Возвишениот Аллах во Куранот: „И јадете и пијте, но не претерувајте! Тој не ги сака тие што претеруваат.“ (Ел-Араф, 31)
Совршенството на исламскиот верозакон се огледа во тоа што ги опфаќа сите полезности за човекот – и во верата, и од аспект на овоземните работи.
Од шеријатските науки произлегуваат и темелите на медицината, како и некои нејзини ограноци – како што е спомнувањето на медот и црното семе.
Шеријатските прописи се поткрепени со мудрост, изградени врз принципот на отстранување на штетата и носењето корист.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

