„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“
Имран рекол: „Не знам дали спомна две или три генерации.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додал: „По вас ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да бидат достојни за доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани за сведоци; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и кај нив ќе се рашири дебелината.“
Explanation
Benefits
Ибн Хаџер вели: „Овој хадис укажува дека асхабите се подобри од табиините, а табиините од таби табиините. Но, дали оваа предност се однесува на целите генерации или на поединци – тоа е предмет на расправа. Поголемиот дел од учените се наклонети кон второто мислење.“
Ова е поттик да се следи патот на првите три генерации – бидејќи колку што некој е поблиску до времето на објавата, толку е подобар, поучен и подостоен за следење на упатството (патот) на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Завет (незр): Тоа е кога шеријатскиот обврзник сам себеси се задолжува со извршување на определено добро дело кое шеријатот не го направил задолжително – преку секој израз што укажува на тоа.
Прекор за изневерување, неисполнување на завет и прекумерна врзаност за дуњалукот (овој свет).
Осуда за сведочење без да се биде повикан – ако сопственикот на правото е свесен за тоа. А ако не е свесен, тогаш тоа спаѓа во значењето на зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Сакате ли да ви кажам кој е најдобриот сведок? – Тој што сведочи пред да биде побаран.“ (Муслим)
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

