„Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“
Explanation
Benefits
Ибн Хаџер, за зборовите „во Неговата сенка“, вели: „Некои велат дека се мисли на сенката на Аллаховиот Арш, а на тоа укажува хадисот на Селман, кој го пренесува Сеид бин Менсур со добар синџир на пренесувачи а кој гласи: ,Седуммина ќе бидат под сенката на Неговиот Арш.‘“
Ибн Хаџер исто така вели: „Најдобро објаснување за ,праведниот‘ е дека тоа е оној што ги следи Аллаховите наредби – така што секому му го дава неговото право, без претерување и без занемарување. Тој е прв спомнат поради општата корист што ја носи неговата праведност.“
Доблеста и вредноста на чекањето еден намаз по друг.
Имамот Ен-Невеви вели: „Во хадисот има поттик за љубов во името на Аллах и укажува на нејзината голема вредност.“
Во хадисот се спомнуваат положбата и убавината – затоа што луѓето силно копнеат по нив, се стремат кон нив и тешко ги добиваат.
Најдобро е садаката да се дава скришно, бидејќи така се оддалечува човекот од ријалук (претворање). Но, дозволено е да се даде и јавно – доколку се прави искрено, без ријалук, со намера да се поттикнат другите на давање и да се истакне ова исламско обележје.
Овие седум категории ја стекнале оваа голема почест поради својата искреност кон Аллах и затоа што им се спротивставиле на страстите.
Зборовите „седуммина ќе бидат во сенка“ не значат ограничување само на тие – туку има и други луѓе кои Аллах ќе им даде сенка во сенката на Неговиот Арш, иако не се спомнати во овој хадис.
Ибн Хаџер вели: „Во хадисот се спомнуваат мажи, но тоа не значи дека жените се исклучени – тие се вклучени во сите дела што се наведени, освен ако под ,праведен имам‘ се мисли на врховен владетел, бидејќи жената не може да има таква должност. Сепак, ако е одговорна за своето семејство и постапува праведно, таа влегува во општото значење. Исклучена е и особината на поврзаност со џамијата, бидејќи за жената е подобро да клања дома. Но, во сите други својства жените можат да учествуваат – па дури и во примерот со жената што го повикува мажот: можеби ќе има жена што ќе биде повикана од угледен и убав маж, а таа ќе се воздржи поради страв од Аллах, и покрај нејзината потреба.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

