„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Малик ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и ја тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Explanation
Benefits
Важна е постојаноста во намазот, бидејќи тој е светлина за верникот и на овој свет и на Судниот ден.
Садаката (милосрдието) е доказ за искрениот иман.
Важно е да се постапува според Куранот и да се верува во него, за да биде доказ за тебе, а не против тебе.
Ако душата не ја ангажираш со покорност, таа ќе те ангажира со гревови.
Секој човек мора да работи; или ќе ја ослободи својата душа со покорност, или ќе ја уништи со гревови.
Трпението е тешко и бара издржливост и надеж во Аллаховата награда.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

