„,Заколнете се дека никого нема да го сметате за рамен на Аллах (нема да правите ширк) нема да крадете, нема да вршите прељуба
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Убаде бин Самит, Аллах нека е задоволен со него – кој учествувал во битката кај Бедр и бил еден од дванаесеттемина што дале заклетва на верност во ноќта на Акаба – пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол, додека околу него стоела група асхаби: „,Заколнете се дека никого нема да го сметате за рамен на Аллах (нема да правите ширк) нема да крадете, нема да вршите прељуба, нема да ги убивате вашите деца, нема да измислувате клевети што ќе ги ширите со рацете и нозете (т.е. со збор и дело), и нема да бидете непослушни во она што е добро.
Кој од вас ќе го исполни тоа – неговата награда е кај Аллах.
А кој ќе направи нешто од тоа, па ќе биде казнет на овој свет – тоа ќе му биде искуп.
А кој ќе направи нешто од тоа, па Аллах ќе му го покрие – неговиот случај е кај Аллах: ако сака, ќе му прости, а ако сака, ќе го казни.“ – Па сите му се заколнавме на тоа.
Explanation
Benefits
Ел-Синди рекол: „Зборовите на Пратеникот, ,во она што е добро‘, укажуваат дека сите негови наредби се добри и не може дури и да се замисли спротивното. Со овој израз се истакнува причината за обврската на покорност – бидејќи неговите наредби се во согласност со шеријатот. Воедно, ова е поука дека не смее да се слуша никој во нешто што е спротивно на шеријатот, и дека при давањето заклетва, треба да се постави услов за покорност само во она што е дозволено и исправно – а не апсолутна покорност.“
Мухамед бин Исмаил ет-Тејми и други кажале: „Во хадисот конкретно се спомнува забраната за убивање деца, бидејќи тоа е и убиство и кинење на роднинска врска – што ја прави забраната уште построга. Покрај тоа, таквата практика била раширена меѓу нив: живо закопување ќерки и убивање синови од страв од сиромаштија. Дополнително, децата се посебно спомнати затоа што не можат самите себеси да се заштитат.“
Имамот Невеви рекол: „Општото значење на хадисот е ограничено со зборовите на Возвишениот: ,Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува.‘ - Затоа, оној што ќе го напушти исламот и биде убиен заради своето отпадништво, не се смета дека со таа казна му се бришат гревовите и тоа не му е искуп.“
Ел-Кади Ијад рекол: „Повеќето учени сметаат дека шеријатските казни се воедно и искуп за сторителот.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

