„Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати, ќе ја добие наградата како да ослободил десет робови, ќе му бидат запишани сто добри дела, ќе му бидат избришани сто лоши дела, и тој ден тоа ќе му биде заштита од шејтанот сè до вечерта.
Никој нема да направи дело подобро од тоа, освен оној што го направи ова повеќе пати.“
Explanation
Benefits
Доказ за широчината на Аллаховата милост кон Неговите робови, бидејќи им пропишал зикр кој е лесен за секого, а за него одредил голема награда.
Кој ќе го изговори овој зикр повеќе од стопати во денот, ќе ја добие наградата спомната во хадисот за стопати, а покрај тоа и дополнителна награда за зголемувањето. Ова не спаѓа во забранетите граници, ниту пак зголемувањето ја поништува наградата.
Имамот ен-Невеви рекол: „Очигледното значење на хадисот е дека оваа награда ја добива секој што ќе го изговори овој зикр стопати во текот на денот – било да ги изговори последователно или одделно, на различни места, дел наутро, а дел навечер. Но, најдобро е да се изговорат последователно наутро, за да му бидат заштита во текот на целиот ден.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

