HadeethEnc · 1.24.0
„Во последните времиња ќе се појави народ – млади по години, и недоволно разумни. Ќе изговараат убави зборови, слични на говорот на најдобрите луѓе, но ќе излегуваат од исламот како што стрелата излегува од пленот
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Али, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Кога ви пренесувам нешто од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, повеќе би сакал да паднам од небото отколку да излажам за него. А кога ви зборувам за нешто што е меѓу мене и вас – знајте дека војната е измама. Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Во последните времиња ќе се појави народ – млади по години, и недоволно разумни. Ќе изговараат убави зборови, слични на говорот на најдобрите луѓе, но ќе излегуваат од исламот како што стрелата излегува од пленот. Нивниот иман нема да им помине подолу од нивните грклани. Каде и да ги сретнете – убивајте ги, затоа што нивното убивање е награда за оној што ќе ги убие – на Судниот ден.“
02
Explanation
Владетелот на верниците Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, рекол:
„Ако ме чуете дека пренесувам од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, тогаш знајте дека не зборувам двосмислено, не користам загатки, ниту нешто прикривам – туку пренесувам отворено и директно. Затоа што, да паднам од небото ми е полесно и подраго отколку да пренесам нешто од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а да лажам на него. А кога зборувам за нешто што се однесува на односите помеѓу мене и луѓето – тогаш, навистина, војната е измама, па можам да кажам нешто двосмислено, да загатнам или да прикријам. Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Во последните времиња ќе се појави народ – млади по години, слаби во разумното размислување. Ќе говорат од Куранот и многу ќе го рецитираат, но ќе излезат од исламот и ќе ги надминат неговите граници како што стрелата излегува од пленот. Нивниот иман нема да им помине подолу од нивните грклани. Каде и да ги сретнете – убивајте ги, затоа што нивното убивање е награда за оној што ќе ги убие – на Судниот ден.“

03
Benefits
Укажување на некои од особините на хариџиите.
Хадисот содржи доказ за еден од знаците на пратеништвото, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил за нешто што ќе се случи по него во неговиот умет – и тоа се случило токму како што кажал.
Дозволеноста на измама и двосмисленоста во војна. Измамата може да се изврши преку досислена изјава, заседа и слични средства, но не и преку кршење на договор или поништување на дадена заштита – бидејќи тоа е забрането.
Ен-Невеви, во коментарот на зборовите: „Ќе го зборуваат најдобриот говор на луѓето“, рекол: „Се мисли на нивните надворешни изјави што звучат убаво – како, на пример, нивната реченица: ,Судот му припаѓа само на Аллах‘, и слични повици за следење на Аллаховата Книга.“
Ибн Хаџер, во врска со зборовите: „Нивниот иман нема да им помине подолу од нивнит грклани“, рекол: „Тие значат дека иманот не е вкоренет во нивните срца, бидејќи она што застанува во пределот на гркланот и не го преминува – не стигнува до срцето.“
Ел-Кади рекол: „Учените се едногласни дека хариџиите и сличните на нив – од новотарите и бунтовниците – кога ќе се кренат против имамот, и му се спротивстават на заедничкото мислење и го нарушат единството, обврска е да се води борба против нив – откако ќе им се упати опомена и ќе им се даде можност за покајување и извинување.“

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares