HadeethEnc · 1.24.0
„Некои луѓе или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата – па ќе станат од небрежните.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Абдулах бин Омер и Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со обајцата, раскажуваат дека го слушнале Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели, додека стоел на минберот: „Некои луѓе или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата – па ќе станат од небрежните.“
02
Explanation
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, строго предупредува – стоејќи на минберот – на оставањето на петочниот намаз без оправдана причина, поради небрежност или мрзеливост. Во спротивно, Аллах ќе ги запечати нивните срца, ќе ги покрие и ќе постави пречка што ќе ги спречи да го следат вистинскиот пат, а потоа ќе станат од оние што се незаинтересирани и рамнодушни кон доброто и покорноста.
03
Benefits
Строго предупредување да не се остава петочниот намаз – што се вбројува меѓу големите гревови.
Ен-Невеви вели: „Хадисот укажува дека петочниот намаз е индивидуална обврска (фарз ајн).“
Дозволеноста да се користи минбер при држењето хутба.
Ес-Синди вели: „Значењето е дека едно од двете неизбежно ќе се случи – или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата. Затоа што, кога човекот ќе се навикне да го остава џума намазот, срцето му потемнува и во него се гаси желбата за покорност.“
Препорака оној што советува или држи хутба да не ги именува поединечно лицата кои ги укорува, бидејќи анонимното советување повеќе поттикнува на прифаќање на пораката и покорност кон наредбата.

Attribution
[رواه مسلم]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares