Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Абдулах бин Анема раскажува: „Го видов Амар бин Јасир како влезе во џамија и клањаше намаз – но го скрати. Кога излезе, му пријдов и му реков:
,О, Ебу Јакзан, го скрати намазот!‘
Тој одговори: ,Дали забележа дека нешто изоставив од неговите прописи?‘
Реков: ,Не.‘
Тој рече: ,Тогаш, само брзав за да го одбијам заборавот кој доаѓа од шејтанот. Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Explanation
Benefits
Проверка и прашање пред да се укори.
Доволно е како одговор на секое прашање и нејаснотија – зборот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Намалувањето на наградата за намазот зависи од намалувањето на смиреноста и размислувањето во него.
Силното поттикнување и нагласената препорака за смиреност во намазот и присуство на срцето пред Севишниот Аллах.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

