„Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Бев кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Еден човек рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да ги напојувам со вода аџиите.’ Друг рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да го одржувам Светиот Храм.’ А трет рече: ,Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.’
Па Омер ги укори и им рече: ,Не ги кревајте вашите гласови кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше во петочен ден. Откако ќе го клањам џума намазот, ќе влезам и ќе го прашам за тоа околу што се разидовте.’
Тогаш Севишниот Аллах објави: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
Explanation
Тогаш Возвишениот Аллах го објави ајетот:
„Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува и кој на Аллаховиот пат се бори? Тие не се еднакви пред Аллах. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на тие што самите си прават неправда.“ (Ет-Теуба, 19)
Benefits
Делата се одликуваат според она што е утврдено со шеријатската објава, а не според човечките мислења и проценки.
Одличието на џихадот на Аллаховиот пат – но под услов тој да биде со верување во Аллах и во Судниот ден.
Имамот ен-Невеви рекол: „Во ова има доказ дека е непожелно кревањето на гласит во џамиите – и на петочен ден и во текот на другите денови. Не треба да се крева гласот ниту со знаење, ниту со нешто друго кога луѓето се собрани за намаз, бидејќи со тоа се предизвикува вознемирување и пречка и за оние што клањаат, и за оние што го спомнуваат Аллах.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

