кога Возвишениот Аллах објави: „А тие што не судат според тоа што Аллах го објавил, тие се вистински неверници“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека кога Возвишениот Аллах објави:
„А тие што не судат според тоа што Аллах го објавил, тие се вистински неверници“ (Ел-Маиде, 44),
и „ се вистински насилници “ (Ел-Маиде, 45),
и „ се вистински грешници “ (Ел-Маиде, 47).
Ибн Абас рекол: Аллах ги објави тие ајети за двете групи од евреите. Едната група во времето на џахилиетот (незнаењето) ја имаше покорено другата, сè додека не се согласија и не се спогодија: дека за секој убиен од покорената група од страна на посилната – откупот ќе биде педесет товара (веск), а за секој убиен од посилната група од страна на послабата – откупот ќе биде сто товара (веск). Така продолжија сè додека не дојде Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во Медина.
Двете групи се потчинија на неговото доаѓање, иако Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тогаш сè уште немаше власт над нив, ниту ги стави под своја управа – туку беше во примирје со нив.
Тогаш послабата група уби еден човек од посилната, на што посилната испрати порака до послабата: „Испратете ни сто товара.“
Послабата група рече: „Зарем може во две племиња, чија вера е една, нивното потекло е едно, нивната земја е една – крвнината на едните да биде половина од крвнината на другите? Ние ви го дававме ова само од страв и од потчинетост кон вас. Но, сега кога дојде Мухамед – нема повеќе да ви го даваме тоа.“
За малку ќе избувнеше војна меѓу нив, па се согласија да го земат Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за судија меѓу нив.
Тогаш посилната група си рече: „Се колнеме во Аллах, Мухамед нема да ви пресуди да ви даде двојно повеќе од тоа што нему му давате. Тие навистина кажаа вистина: ние ова им го дававме само заради нашата сила над нив и за да ги потчиниме. Па испратете тајно кај Мухамед луѓе што ќе ви го јават неговото мислење: ако ви го даде она што го сакате – земете го за судија, а ако не – чувајте се и не го земајте за судија.“
Па испратија кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, неколку лицемери за да го дознаат неговото мислење.
Кога дојде Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Аллах го извести за целата нивна ситуација и за тоа што намислиле. Па Возвишениот Аллах објави:
„О, Пратенику, нека не те загрижува тоа што брзо го покажуваат неверувањето тие кои со устите свои велат ,веруваме’...“ (Ел-Маиде, 41), сè до Неговите зборови: „Тие што не судеа според тоа што Аллах го објавил се вистински грешници!“ (Ел-Маиде: 47).
Потоа (Ибн Абас) рекол за нив: „Се колнам во Аллах, тие ајети беа објавени за нив, и се однесуваат за нив.“
Explanation
Benefits
Лукавството и неправедноста на евреите – дури и кон самите себеси.
Севишниот Аллах нѐ извести дека евреите ќе имаат понижување на овој свет, а на Ахиретот ги чека голема казна.
Несудењето според она што го објавил Аллах и неприфаќањето на пресудата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се доказ за неверство, насилство и грев.
Опасноста од лицемерите и нивната соработка со евреите.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

