„Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден човек слушнал друг како постојано ја рецитира сурата: „Кажи: Тој е Аллах, Еден е!“ Кога се разденило, отишол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнал тоа, мислејќи дека е малку. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“
Explanation
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заколнувајќи се за да ја нагласи важноста, рекол:
„Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“
Benefits
Дозволено е да се клања ноќен намаз дури и со кратки ајети, па и ако постојано се повторуваат – и тоа не треба да се потценува.
Ел-Мазири рекол: „Некои велат дека значењето е следното – Куранот се состои од три главни теми: случки, прописи и опис на Аллаховите својства. А сурата „Ел-Ихлас“ се однесува исклучиво на Аллаховите својства, па затоа претставува една третина. Според друго мислење, смислата е дека наградата за нејзиното рецитирање е како наградата за рецитирање една третина од Куранот – без да се смета умножената награда за останатиот дел од Куранот.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

