,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Еднаш додека Џибрил седеше кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се слушна чудно шкрипење одозгора. Џибрил ја крена главата и рече: ,Ова е врата од небото што денес се отвори, а никогаш претходно не била отворена.‘
Од неа слезе еден мелек, па Џибрил рече:
,Ова е мелек кој денес слегува на Земјата – никогаш порано не слегол.’
Мелекот се поздрави со селам и рече: ,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“
Explanation
Од таа врата слезе мелек на Земјата, кој никогаш порано не слегол. Му пријде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го поздрави со селам и рече: „Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а кои ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните два ајета од сурата Ел-Бакаре. Нема да ги изговориш, па дури ни една буква од нив, а Аллах да не ти го даде она што е ветено во нив – доброто, довата и она што го бараш со нив.“
Benefits
Небото има врати од кои се спуштаат Аллаховите одредби, и тие се отвораат единствено со Негова дозвола.
Истакнување на почеста на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кај неговиот Господар – бидејќи Аллах го одликувал со нешто со што не ги одликувал претходните пратеници: Му ги подарил овие две светла.
Една од методите на повикувањето е на луѓето да им кажуваме радосни вести за награди за добрините.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

