„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото. Тие нема да вршат ниту мала ниту голема нужда, нема да плукаат, ниту пак ќе имаат секреции од нос за да ги исфрлат.
Чешлите ќе им бидат од злато, потта ќе им мириса на миск, а кадилниците ќе користат за нив најфино ало-дрво (анџуџ).
Сопруги ќе им бидат хурии со крупни и убави очи.
Сите ќе бидат со ист облик – според големината на нивниот татко Адем, високи шеесет лакти.“
Explanation
Benefits
Употребата на сличности служи за доближување и појаснување на значењата.
Ел-Куртуби рекол: „Може да се постави прашањето – зошто им се потребни чешли кога ќе бидат без влакна и нивната коса нема да се валка? Зошто им се потребни кадилници, кога нивниот телесен мирис ќе биде попрефинет од мирисот на миск? Одговорот е: Џенетските наслади – како храна, пијалаци, облека и мириси – не се резултат на потреба, глад, жед, голотија или непријатен мирис, туку се чисти уживања, кои доаѓаат едно по друго, како непрекината благодат. Мудроста во тоа е што ќе уживаат во она што им било познато и драго и на овој свет.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

