„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам,
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
Explanation
Benefits
Обврската за верувањето во гајбот - невидливото и во сè што е пренесено од Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Важноста на трпението при потешкотиите, бидејќи тоа е патот што води до Џенетот.
Важноста на избегнувањето на забранетите работи, бидејќи тоа е патот што води до Огнот.
Опкружувањето на Џенетот со тешкотии и Огнот со страсти се дел од искушенијата и испитот на овој живот.
Патот до Џенетот е тежок и бара трпение и жртвување со иман, додека патот до Огнот е исполнет со задоволства и следење на страстите на овој свет.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

