„Сласта на иманот ја вкусил оној што е задоволен Аллах да му биде неговиот Господар, исламот неговата вера и Мухамед неговиот пратеник.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Абас бин Абдулмуталиб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Сласта на иманот ја вкусил оној што е задоволен Аллах да му биде неговиот Господар, исламот неговата вера и Мухамед неговиот пратеник.“
Explanation
1. Да биде задоволен со Аллах како негов Господар – односно, неговото срце да биде смирено со сè што Аллах му одредил во однос на ризкот и животните околности. Да не се противи на Неговата одредба и да не бара друг господар освен Аллах.
2. Да биде задоволен со исламот како негова вера – односно, неговото срце да прифаќа со спокојство и убеденост сè што исламот пропишал од наредбите и обврските, без да бара пат надвор од него.
3. Да биде задоволен со Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, како негов пратеник – односно, да прифаќа со љубов и радост сè што тој донел, без двоумење и сомнеж, и да не следи друг пат покрај неговиот пат.
Benefits
Телото може да ја почувствува сласта на храната и пијалаците само кога е здраво. Истото важи и за срцето – ако е чисто од болести како заблудите и забранетите страсти, тогаш ќе ја почувствува сласта на иманот. Но, ако е болно и ослабено, нема да ја почувствува неговата сласт, туку може дури и да ужива во она што го води кон пропаст како страстите и гревовите.
Кога човекот е задоволен со нешто и го смета за добро, тоа му станува лесно и не му претставува тежина. Се радува на сè што доаѓа со тоа и го прима со отворено срце. Истото важи и за верникот – кога иманот навистина ќе влезе во неговото срце, послушноста кон Господарот му станува лесна, душата му наоѓа наслада во тоа и не му претставува тежина.
Ибн Кајим вели: „Овој хадис го опфаќа задоволството со Аллаховото господарство и божественост, задоволството со Неговиот пратеник и потполното предавање на него, како и задоволството со Неговата вера и целосната потчинетост кон неа.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

